Петар Печков
Објавено: среда, 27 јули 2016
Велешанецот Сашко Ванов, голем вљубеник во мото спортот учествуваше на годинешното издание на „Red Bull Romaniacs“ која се одржа во Романскиот град Сибиу. Ванов како техничка поддршка на возачите, беше дел на тимот во кои беа двајца од Шпанија и еден возач од Доминиканската република, кои имаат зад себе неколку учества на Дакар релито. Трката во Романија важи за најтешка и најекстремна ендуро трка на светот а Сашко ја прифатил поканата од најдобриот ендуро тим од северна Шпанија „VIRTUS OFF ROAD“.
Трката се одржа во Романскиот град Сибиу по десетти пат, се возеше 5 дена од кои првиот ден „пролог“ во строгиот центар на градот, на специјално подготвена патека со екстремни препреки на одушевување на повеќе илјадната публика од целиот свет. Возачите водеа тешка борба се препреките и имаше многу падови и спектакулани скокови. Четирите останати натпреварувачки дена беа со различни рути од по 150 километри со тежок и екстремен офф роуд – објаснува Ванов.
На Red Bull Romaniacs“ учествувале 400 возачи од целиот свет во неколку класи зависно од нивото на подготвеност. Рутите се добиваат вечерта пред секој натпреварувачки ден и возачите се ориентираат со помош на ГПС уреди. На половина од рутата има сервисна зона каде се дотура гориво и се поправаат моторите- ако имапотреба. Имајќи ја во предвид тежината на трасите, механичарите имале полни раце работа.
Сите возачи на„VIRTUS OFF ROAD“ ја завршиле трката, а највисоко пласиран бил Фелипе Белтран (BETA 300 RR) од Доминиканската република го освоил шестото место во генерален пласман во „Iron“ класата. Тој бил на 2-ро и 3-то место првите денови, поради пад и повреда го намалил темпото и да ја заврши трката. За информација, од 400 возачи дури 300 возеа двотактни мотоцикли со зафатнина од 250-300 цц (KTM, BETA, HUSQVARNA).
Tweet |