Петар Печков
Објавено: понеделник, 11 јуни 2018
Во саботата попладне, моторџија од Скопје се здобил со тешки повреди, откако со неговиот мотор излетал од патот.
На 09.06.2018 година околу 17.25 часот на магистралниот пат Велес - Штип, мотоцикл „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Н. (30) од Скопје, излетал од патот. Притоа, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клинички центар Велес -стои во писменото соопштение од МВР.
Од ЈЗУ Општа Болница Велес инфомрираа дека кај нви е донесен пациент во 18,10ч.
Примен е на хируршкото одделение, пружена му е неопходна здравствена нега. По извршените снимањата откриено е дека има свршеници на екстремитетите и е префрлен на Клинички центар при комплекс клиники „Мајка Tереза“- изјави Марина Андова портпарол на ЈЗУ Општа Болница Велес.
Tweet |