Петар Печков
Објавено: среда, 22 март 2017
Моторџија удрил во ѕид, еден тешко а друг полесно повреден. Според МВР сообраќајка се случила вторникот околу во 18.20 часот во Велес, на ул. „Благој Ѓорев“ во населба Тунел. И двете момчиња Х.К. и Д.П. имале по 17 години.
Седумнаесетгодишник од Велес, управувајќи мотоцикл „Херц 200 цм3“ без регистарски ознаки, изгубил контрола над истиот и удрил во бетонски ѕид. Во незгодата совозачот исто така седумнаесетгодишниот сопатник од Велес е се здобиле со тешки телесни повреди – велат од СВР Велес.
Прва помош им пружила лекарска екипа Итна медицинска помош, по што биле пренесени во ЈЗУ Општа Болница Велес. Поради сериозноста на повредите, скршеници на нога и повреди на глава возачот бил пренесен во КАРИЛ-Скопје додека сопатникот е пуштен на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР –Велес, по што ќе се знаат причините за сообраќајката.
Tweet |