Петар Печков
Објавено: сабота, 27 декември 2014
Излетал од автопат откако куче преминало пред автомобилот. Тетовец е повреден откако со неговиот автомобил марка голф, со тетовски регистарски таблички излетал од автопатот во близина на Велес.
Според неговото сведочење но и останатите учесници, причина за излетувањето била што возачот сакал да го избегне кучето кое било на коловозот. Полицијата го потврдува настанот, кој се случил на вчеравечер околу 21ч.
Автомобилот излетал од автопатот на релација Велес- Скопје, кај клучката за Штип и се забил во земјен брег. Поради тоа што автомобилот бил сериозно отштетен, морале да интервенираат пожарникарите да за го извадат возачот Ј.С. (36 год) кој со возило на итната помош е пренесен во Општата Болница Велес.
По негово барање тетовецот утрово е пуштен на домашно лекување. На ова место, на влезот во Велес клучката каде магистралните патишта се приклучуваат кон автопатот се случуваат вакви сообраќајки каде автомобили удираат во животни, крави кучиња, коњи. Некои од сообраќајките завршија и трагично, имаше смртни случаи.
Таков беше настанот од почетокот на 2012-та кога скопјанка им подлегна на повредите откако со автомобилот удри во крава. Екипи на СВР Велес извршиле увид на местото на несреќата.
Tweet |