речник контакт

На Јакупица на големо се сече шумата

Шумата се сече во околината на Согле и Папрадиште, ама со дозвола

Петар Печков

Шумата на планината Јакупица масовно се сече, предупредуваат селаните од регионот на Азот. Тие ги посочуваат примерите од околината на манастирот Св. Богородица во селото Согле,  како  и приодот кон селото Папрадиште. Затоа бараат одговор, дали и кој дозволува така големо  сечење на дрвјата од овој дел на Македонија.   Сечата во близината  на манастирот кај Согле  се одвивала десетина дена.

Се сомневаме дека станува збор за кражба на огревно дрво. Гледаме дека сечата не ја вршат вработени на ЈП Македонски шуми. Не кажуваат кој  и зошто селе, па затоа сметаме дека станува збор за диво крадци – велат  жителите селото Согле.

Не знаат дали се сече  шума,   буково и дабово дрво, која е  сопственост на државата  или од поседот што таму го има  Повардарската Епархија на МПЦ. Жителите пак на Папрадиште, кое оживува овој период, виделе грда слика.  Револтирани се што е исечена голема  дабова шума на приодот кон селото.

Има еден месец откако се случи сечата. Наместо  проретчена е направена гола сеча. Не знам кој дал дозвола, но сметам дека не е добро тоа што се прави. Годинава исечена е шума над патот, без да се води сметка дека водата од поројните дождови ќе ја свлече земјата и може да го уништи приодот кон селото - се жали  жител на Папрадиште. Од  ШС „Бабуна„ објаснуваат  шумата кај  Папрадиште се сече со нивна дозвола за легална сеча, додека  за таа кај Согле немаат информации и упатуваат  да се праша црквата. 

Сечата што ја реализирале сопственикот на парцелата во шумата како и на соседните кои се во сопственост на Македонски шуми се легални, со дозволи и во согласност со стратегијата за развој на шуми. Станува збор за легална сеча со целосно сечење на дабови дрвја поради обновување на шумата.  Наши  работници не сечат огревно дрво во атарот на манастирот Согле – изјавија од ,,Бабуна,,  ПЕ на Македонски шуми во Велес.

Тие уверуваат дека патот до Папрадиште  е стабилен, нема да има ерозија и е безбеден а за сечата на шума кај Согле упатуваат на одговор во црквата. 

Од Повардарската Епархија на МПЦ потврдија дека во тек е сеча на дрвја околу манастирскиот комплекс, посед и шума кој е нивен имот, за што имале дозвола.  Овие сечи кои предизвикуваат револт кај месното население, доаѓаат во период кога се прави обид планината Јакупица, да се започне постапка таа да се прогласи за Национален парк.

 

Имаме многу строги закони за заштита на шумите, тие треба да се спроведуваат, од институциите.  Очигледно треба да се разбива таа спрега помеѓу  вработени во  шумските инспекторати и  сечачите на шуми. Овие криминални врски треба да се срушат – вели Лилјана Поповска претседател на  ДОМ.

 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »