Петар Печков
Објавено: понеделник, 02 март 2020
На Мегдан меѓу бројните гости на Чист Понеделник беа и две жителки на месноста, кои тука, во овој дел на Велес, дошле откако се омажиле. Ружа и Мирослава имаат ,,стаж,, на жителки на маалото, повеќе од половина век. Со полна душа радост, велат дека традицијата е прекрасна. Кога дојдовме памтиме дека Балкан ги правеше овие работи. Откако тој умре, умре и настанот, замре, немаше кој да го организира. Па Тоде железничарот правеше, па дојдоа младите и они преземаа и еве сега живее. На задоволство на сите - велат во еден глас Ружа Тодорова и Мирослава Коцева.
Ако радоста од дружењето е голема со тага се сеќаваат дека на Чист понеделник, на Мегдан имало и многу жени, кои сега ги нема.
Порано имаше и оро, сега го нема. Жени го играа, постарите од Мегдан. Сега младите невести ги срам да играат, ниту се појавуваат. Затоа ние ќе ги пресрамиме и еве дојдовме - додаваат двете.
Tweet |