речник контакт

На Мегдан на Чист понеделник (фото)

Традицијата на бел грав и дружење на Мегдан останува

Петар Печков

И овој понеделник, прв по верскиот празник Прочка  традиционално се собрааа мештаните од месноста Мегдан, близу црквата Св. Пантелејмон.   На менито бел грав, салата а годинава по подолго време и музика во живо. Меѓу гостите и староседелецот Панче Трајковски, кој се родил на Мегдан пред 84 години. Тука живееле првите седум па  се  иселил.  Но спомените останале, сеќавањата  живи и   сеуште свежи.   

Тука се родив, пораснав, тука живеев, минав дел од  детството.  Чичко Ѓорѓи Балкан тој ги организраше овие работи. На средина од Мегдан ставаа пирустија со четири нозе, казан од 120 литри и 15  килограми грав се вараше. Со суви чушки го вареше,  за да биде повкусен. За сите имаше јадење. Таа традиција до дене денес остана. Се собираше и старо и младо. Ние децата со чинии ќе дојдевме ќе  ни ставеај грав  и среќни настрана го сркавме - објаснува Панче.

Тој по многу години можеби и двесетинам повторно дојде во старото маало. Не пропушти и можност да ја посети семејната куќа.  За тоа време на Мегдан се собираа мештаните и годинава да го  одбележат  ,,Чист понеделник,,.  Тука беше Ицо Картуш кој прави се традицијата да не згасне. Догодина неговиот син, кој живеел во Финска се решил да  биде домаќин и ќе дошол за  овој ден.

Годинава немаше кум, домаќин, па во пресрет излезе локалната власт, која  ги покри трошоците да се обезедат неопходните работи, за да се органзира забавата, грав, леб, сок.. Другото кој што има од дома, салата, мезе.. Последните петнаесетина  години за подготовка на белиот грав задолежен е Тодор Иванов. Тој ова задача ја извршува од 2000-тата. 

Младите треба да ја запамтат рецептата, не е тешка. Од година во година   се надградува, додава нешто ново, но останува  гравот незапржен, без мрснотија. Целта е  да ги соединиме младите, да  не се делат.   Секоја годиан ставаме се повеќе грав ама пак не стасува. Во овој лонец ставивме 10 кг граф. Никој не останал да не го  проба.  Оваа традиција е на чивчиите, луѓето кои обработувале земја.  Некој ќе донел грав, друг  кромид, трети чушки, лук, ракија и така се дружеле  - вели Тодор кој е роден мегданчаец и тука живее 73 години. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »