речник контакт

На велосипед шири еко култура и во декември

Шпанката деновие довози и до Велес, откако претходно ја прошета и Европа

Петар Печков

Џема Халавер Гонзало (27 год) од Каталонија Барселона и на минус температури со велосипед крстосува по патиштата. Таа престојува еден месец во Македонија, била дел од проектот  Екотопија бајк –тур, кој започнал  од јули од Берлин. 

Со него млади од повеќе држави од Европа  патуваат низ различни држави на континентот, се дружат, разменуваат искуства . Завршен е  во септември, сега  самоиницијативно продолжуваат со акцијата, кон југ.   Таа била во Бугарија, Грција, сега е низ Македонија.

Посетуваме држави низ Европа, промовираме младински активизам  и Европа без граница, ги стимулираме  младите  соединети да ги решаваат проблемите – вели Џема. 

Таа се нашла во главниот град и  се приклучила на протестите во Скопје против загадувањето. Неочекувано се задржала  повеќе во Македонија, сакала да мине  транзитно, но била вџашена од убавините од планинските масиви кои се отворале еден по друг, што било неверојатно за неа. Наскоро се враќа за дома. На прашањето како е на овие температури да вози велосипед, по студ и магла, одговара дека кога се сака не е тешко.  

Поразлично е од лете, успевам да се снаоѓам,  успевам да помагам таму каде што треба. Интересен е патот на велосипед по зимо, затоа отпатував  овие месеци на југот од Европа, по Балканот. Ама и овде ме фати студ- вели Гонзало. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »