Петар Печков
Објавено: сабота, 30 мај 2015
Lегендраниоt германски хеви метал состав Accept, одржа концерт во солунскиот Principal Club Theater.
Во преполниот клуб како предгрупа настапи домашниот состав Crosswind од Солун. Тие постојат од 1995-та и го промовираа нивниот нов албум ,,Vicious Dominion,, издаден миантата година.
По нив на сцената излегоа легендарните Германци Accept од Солинген. Хеви метал бендот кој остана верен на нивната ориентација од основањето 1976 година, покрај старите хитови ги изведе и нумерите од најновиот албум,,Blind Rage,, издаден 2014 година.
И покрај тоа што од групата во 2005-тата замина првиот пеач, Udo Dirkschneider,, неговиот наследник Mark Tornillo солидно го исполни материјалот, помогнат од лидерот на групата Wolf Hoffmann.По обичај на свирката во Солун присуствуваше велешанецот Борче Стојанов со неколку негови пријатели, љубители на оваа музика.
Tweet |