Петар Печков
Објавено: недела, 22 март 2015
Во саботата вечер во Principal Club Theaterбп Сoлун се одржа концерт на метал групите у Opeth од Шведска и Stonebringer од Грција
Пред околу илјада фанови, од кои стотина беа од Македонија, жестока свирка и одлична атмосфера создадоа двете групи. Први настапија Грците Stonebringer и за нивниот настап од 45 минути го промовираа во живо нивниот албум Those Winds, издаден 2014 година.
Во вжештената атмосфера во салта во Солун настапија Швеѓаните Opeth. Тие во 104минутниот настап отсвиреа избор од своите нумери во целата кариера. На концертот во Солун присуствуваа и неколкумина велешани а фотографиите се од Борче Стојанов, кој како жесток следбеник на ,,металот,, приставува на сите концерти на Балканот, Загреб, Белград, Софија.
Од Солун за ТРМР Борче Стојанов
Tweet |