речник контакт

На факултетите во Велес има 350 места за упис на бруцоши

Најмногу се на Техничко-технолошкиот факулет. Лани за бруцоши на велешките факултетите имаше 425 слободни места, година претходно во 2014-та имаше 240

Петар Печков

Објавени се конкурсите за слободни места на сите државни Универзитети во земјава.  Во Велес од есен на четирите факултети, некои со седиште, други диспензирани има слободни 350 места за упис во прва година, што редовни,  што вонредни.  

Од Универзитетот Св. Кирил и Методиј има  упис за Економски факултет Скопје диспензирана настава Велес  за студии за сметководство и ревизија 20 редовни со плаќање од  100  евра, 5 со кофинансирање исто т ака од  100  евра, пет вонредни со плаќање на    400евра или вкупно    30 студенти во прва година.   

На Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола  во Велес има три нивни факултети, еден со седиште во Велес и два си диспензирана настава. 

ТЕХНОЛОШКО-ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ – ВЕЛЕС УНИВЕРЗИТЕТСКИ СТУДИИ –четиригодишни ќе запише 200 студенти во прва година. 

Прехранбена технологија и биотехнологија   45  редовни со 200 евра партиципација,  25 со конфинасирање на  400 евра,  25 вонредни со плаќање на  400 евра.  Или вкупно   95 студенти во прва година.

На отсекот нутриционизам во прва година  ќе  се впишат  55  редовни со плаќање 200, 25 со  кофинансирање од  400 евра, исто толку вонредни 25 со плаќање на  400 евра. Или вкупно 105 бруцоши. 

ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ ИКОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ –БИТОЛА со дисперзирани студии во Велес   на Информатички науки и комуникациско инженерство запишува вкупно 70 бруцоши,  40 редовни со  100 евра,    20 со кофинансирање од  100евра и    10 вонредни со плаќање на  400 евра. 

ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО – ОХРИД со диспензирани студии во Велес на отсекот осигурување – Велес   за   четиригодишни     студии има слободни 50 места,               30 редовни со плаќање на  100 евра и   20 вонредни со плаќање на  400 евра. 

Одлуката на бројката на запишани студенти според образложението на Владата, е имплементирањето на светските трендови поврзани со квалитетот на високото образование и негова достапност до сите граѓани. Големо внимание се посветува на креирање конкретна образовна понуда, во согласност со пазарот на работна сила, преку воведување на нови и унапредување на постојните студиски насоки и програми.

Анализите на понудата и побарувачката на пазарот на труд според која се

утврдуваат дефицитарните занимања, односно занимањата кои се актуелни и/или ќе

бидат барани во иднина, претставуваат основа при донесувањето на Одлуката на

Владата на Република Македонија во која е утврден бројот на слободни места за

упис на студенти на јавните универзитети за академската 2016/2017 година, односно

бројот на слободните места кои ќе се финансираат од Буџетот на Република

Македонија. Основни критериуми при изборот на високото образование покрај индивидуалните афинитети и амбиции треба да бидат и можностите за вработување, напредокот во одредена професија, како и финансискиот бенефит од стекнатото знаење и

Вештини – пишува во одлуката на Владата за бројот на слободни места по  државните факултети во земјава.   

Лани  за бруцошите  на велешките факултетите имаше  425 слободни места , а година претходно во 2014-та  имаше 240

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »