речник контакт

Наградени најдобрите во 2015

Избрани полицаец, пожарникар, комуналец, земјоделец, хуманист и занаетчија

Петар Печков

На крајот од годината кога се    сумираат изминатите  12  месеци, локална власт вообичаено на свеченост ги награди најдобрите во овaа 2015-та година.

Драган Јовановски беше прогласен за најдобар земјоделец. Тој обработува 110 хектари земјиште,  има една од поголемите и најсовремени краварски фарми во велешко со 30 млечни крави, има  стадо од 900 овци, годишно произведува 400 тони свежо млеко.

Ивица Илиќ полицаец, водич на безбедносен реон при ПС СВР Велес, кој 30 години посветено ја обавуа неговата должност.

Божидар Драскачев пожарникар возач на против пожарно возило, кој 26 години е професионалец во ТППЕ.

Раско Стојковски плочкар како   најдобар занаетчија, кој оваа работа ја издигнува до уметност.  

Стојна Михајлова комуналец, чистач- метач  на јавните површини во градот, единствена жена која ја работи оваа работа.  

 За хуманист беше прогласен крводарителот  Лефтер Николов кој досега дарувал 108 пати  дел од себе за да спаси друг живот.  

На свеченоста беа доделени и стипендиите на  средношколци и студенти кои имаат висок просек во нивното образување. Нив ќе ги добиваат девет месеци во текот на учебната 2015/6 година.  

Кај студентите стипендија добија: Панче Ѓуров, Кирил Дончов, Клементина Ѓорѓиевска, Даниела Иванова, Александра Тодорова, Катерина Стојанова, Надица Шкрекова и Страхил Тодоров.

Кај учениците: Игор Андреевски, Камелија Дукова, Надица Мицева,Наталија Ќанева, Тања Илиевска, Сара Богоевска, Викторија Петровска Андреј Кодовски. 

 На завршната свеченост за годинава, признание доби и ОУ Св. Кирил и Методиј за собрани количини на хартија и  пластика.  Учениците од ова училиште за годинава собрале 1601 кг хартија и 1122 кг пластика или секој  ученик донел без малку 5 кг.  Или за ова година собрани се вкупно 8.054 кг а секој ученик од градот просечно донел 1,8 кг хартија и пластика. 

Во годишното обраќање градоначалникот Славчо Чадиев  се осврна на неговата работа за годината што изминува и најави што ќе се работи следната.  

Дислокација на фармите на пристојна оддалеченост од градот, изградба на покриен градски пазар,  довршување на реконструкцијата на велешкото кино,  отворање детска градинка во населено место, привлекување на странски инвеститор за нови вработувња, мост кон Речани  - најави Чадиев. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »