Петар Печков
Објавено: четврток, 29 декември 2011
Дворот на Детската градинка кај Жаба зграда е без конкуренција најубавото место во градов годинава. Тој ја доби наградата за најубаво украсена површина .
Наградата за најубав двор ја поделија Слободан Андов од улица Мирка Гинова 23, Ѓоре Цветковски на улица 4-ти јули бр 7 и Рони Ѓоргиева Браќа Капчеви 22 .
За најубаво украсени тераси наградени се : Костадин Атанасов на Марксова 2, Анита Ѓошева на Андон Шурков 12/4 и Димче Тодоров Марксова 2.
Наградените добија парични средства подарок од Општина Велес, која го организираше овој натпревар.
Годинава и градот и улиците од централното подрачје се вкусно украсени, иако кај мал дел од јавноста имаше и поинакви критики. Но тие што критикуваа требаше да се покажат на дело, да ги украсат нивните дворови, тераси за да покажат какао изгледа нешто што е убаво, за да се има пример за догодина.
Tweet |