Петар Печков
Објавено: четврток, 12 јануари 2017
ЈКП Дервен работи максимално за да се овозможи нормално живеење во градот, на минусни температури и наноси од снег. Ова го вели директорот на велешките комуналци, одговарајќи што тие преземаат за градот да има слободни улици. Дури е сменето и работното време, за да се излезе во пресрет на граѓаните.
Работиме по програмата за чистење во зимски услови. Се обидуваме освен главните улици да ги оспособиме и тие во високите делови на градот. Тие се доста стрмни затоа на тракторите им ставивме ланци на тркалата за да може што повисоко да се искачат. Тоа го правиме секојдневно а од ден во ден условите се менуваат. Има нови врнежи , воведовме ново работно време од 9 - до 16ч. за да има поголем ефект. Се постила ризла, која подобро делува има подобар ефект наместо солта која влијае до минус 5-6 степени – изјави Фиданчо Цековски директор н аЈКП Дервен.
Тој одговори и каква е состојбата со водоснабдувањето, а по бројните поплаки од граѓаните‘, за одделни делови дека немаат со денови вода во нивните домови.
Водоводната мрежа е целосно во функција. Има случаи каде има замрзнати цевки во домови и објекти, таму каде нема греење, но тоа е индивидуално. Немаме некој голем дефект. Препорака е да се остават чешмите да течат но малку, не во млазови или да овозможат некакво греење за мрежата - вели Цековски.
Tweet |