Петар Печков
Објавено: петок, 19 јули 2019
Во ловиштата на Ловното друштво ,,Руен,, од Велес деновиве се изврши населување на дивеч. Ова е во согласност со развојната програма за работа, со која добија и концесија за ловиштата. Така тие не вршат само отстрел туку и населување на дивеч.
Извршивме населување на ситен дивеч на неколку ловишта каде сме концесионери. Беа пуштени 370 фазани и 750 полски еребици. Со ова ја исполнивме програмата за годинава. Очекуваме од есен добра сезона - изјави Ване Нанов од ЛД ,,Руен,, од Велес.
Во овој период е ловостој за отстрел на дивечот. Ловната сезона за прелетен дивеч започнува од 2-ри август -грлица, потполошка, гулаб а фазанскиот дивеч и еребицата се дозволени за отстрел по 11-ти октомври.
Во велешките ловишта во периодот кога е лов, доаѓаат бројни странци. Најмногу се Грци, Шпанци, Италијанци...
Tweet |