Петар Печков
Објавено: сабота, 08 февруари 2014
Велес е окружен со ридови, за волја на вистината голи, без дрвја. Претпоставувам често сте се прашале кој е највисокиот од нив? Колку метра е?
ТРМР истражуваше и дојде до точните бројки. Ако мислите дека Св. Илија е највисокиот, грешите. Близината до градот и неговата височина се илузија.
Гроот има најголема висина од 675 метри, таму каде се антените на мобилните оператори, близу Башино Село и Топилница, додека највисоката точка овде до градот е 612 метри. Св. Илија има височина од 565 метри. Вршник има чуден склоп од бројки три четворки - 444, додека Голик помеѓу Тополка и Бабуна има 550 метри.
Благодарност за Лазе...
Tweet |