речник контакт

Не е познат мотивот за убиството на Коцев

Осомничениот Б.Ш. доби еден месец притвор

Петар Печков

Осомничениот за убиството на Тоше Коцев, неговиот пријател   Б.Ш.  (31 год) доби притвор од еден месец. Но и натаму не е познат мотивот за убиството. Мајката на убиениот Тоше Коцев, пред соседите посведочила што се случувало вчера,  критичното пладне, кога е застрелан нејзиниот син. И тоа на куќниот праг од домот  на улица Васил Ѓоргов бр. 47, кај Којник.  Таа е неподвижна, сама  без помош не може да се движи и храни. 

 Бевме да ја видиме и низ солзи ни раскажа дека  околу  двата попладне, некој тропнал на вратата и ја отворил. Го видел Тоше и му рекол да излезе надвор. Се слушнала кратка караница, која се случувала во малиот двор, по што и истрели –раскажуваат соседите.  

Блиски на семејството на убиениот раскажаа дека  убиениот и  осомничениот биле пријатели, претходната вечер, тие двајцата седеле до утрото, играле карти во домот на Коцеви. Обвинителството во нивната информација ги расветлува последните моменти од  настанот, кој заврши кобно по Тоше Коцев.   

Кога во куќата на сега починатиот дошол осомничениот и веднаш почнал да пука. При тоа испукал неколку проектили и смртно го ранил починатиот – стои во соопштението на Јавното обвинителство од Велес. МВР информираше дека убиството е сторено со пиштол со калибар 7,65, кој осомничениот го држел во рака, кога полицијата дошла а тој при апсењето не давал отпор. 

Момчето кое беше со пиштолот беше многу нервозно. Тоше по истрелите истрча од дома, на другата страна од улицата и силно викаше, лелекаше. По ова се врати пред вратата падна а момчето со пиштолот стоеше над него. По ова нервозно ќе прошеташе, ќе се вратеше,  па ќе го  впереше пиштол. Потоа дојде полицијата, го обиколија, бараа да го спушти пиштолот и откако го стори, го уапсија, без отпор. Како во криминалистичките филмови.  Беа тоа многу напнати моменти, се можеше да се случи – велат соседите, кои настанот го гледале преку прозор и завеси.  

Коцев е застрелан со повеќе куршуми, а првично на местото од пукањето биле пронајдени пет чаури.   Со повеќе прострелни рани на градите и стомакот, тој починал еден час подоцна, кога бил внесен  во операционата сала од хируршкото одделение на велешката Болница. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »