Петар Печков
Објавено: среда, 24 февруари 2016
Граѓанското здружение ЦИВИЛ – Центар за слобода објави јавен повик до граѓанките и граѓаните на Македонија за пријавување за позиции во проектот за изборен мониторинг – „Напред!“.
Во наредните две недели ќе бидат селектирани над 180 кандидати за различни позиции. За селектираните кандидати, ќе се обезбеди обука од врвни познавачи на изборното набљудување од составот на ЦИВИЛ и ГОНГ(Хрватска).
Најважно е кандидатот да има човечки квалитети. Познавањето на аметријата има влијание, исто како квалификациите и искуството. Меѓутоа не се пресудни. Пресудни се моралните квалитети, дали поединецот е посветен на работата, дали ќе биде објективен, реален во своите исполнувањето на задачите. Набљудувач не е професија, туку повик - изјави Џабир Дерала од ЦИВИЛ, кој денес пред велешани ја претстави нивната платформа за работа.
Тој објасни дека имаат потреба за двајца долгорочни набљудувачи од Велес, и краткорочни кои ќе бидат на терен во друг град,, во некој од другите 14 региони за да се избегнат влијанија и притисок врз нив. Мобилните тимови ќе набљудуваат на територија на цела Македонија.
Проектот предвидува учество на 14 долгорочни набљудувачи (регионални координатори) и 14 асистенти на координаторите кои ќе бидат активно вклучени во проектот 60 дена пред денот на изборите, 150 краткорочни набљудувачи (на денот на гласање) и мобилни тимови за мониторинг и поддршка.
Tweet |