Петар Печков
Објавено: недела, 29 мај 2022
Вчеравечер околу 23 часот Општина Лозово ја зафати ново невреме, овој пат проследено со град и силен и пороен дожд. Невремето ги зафати селата Лозово, Дорфулија и дел од Каратманово Уништени се лозовите и овошни насади, пластениците под раноградинарски култури.
„Земјоделието е единственото нешто од што егзистираат граѓаните на Лозово. Сто отсто уништени жита, тутуни, лозја, овоштарници, возила, пластеници, соларни панели. Од силниот и голем град пробиени се и некои од азбесните покриви на куќите, оштетени се голем број автомобили, искршени стакла“ градоначалникот Бошко вели Цветковски.
Вчеравечер нешто порано околу 20ч, невреме со град го зафати и Горно Врановце.
„Градот удри околу 15 минути. Уништени се бавчите во кои одгледуваме градински култури за по дома. Се е оштетено, домат, пипер, ништо не остана“ - велат жителите на Горно Врановци.
Tweet |