Петар Печков
Објавено: понеделник, 14 октомври 2019
Неделата, во термин од шест часа, сообраќајната полиција констатирала дека дури 25 возачи, возеле побрзо од дозволеното.
Во периодот од 12 – 18 часот неделата, на територијата на СВР Велес била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле откриени 62 прекршоци од кои 25 во Велес, 17 во Кавадарци и 20 во Неготино - информирааа од МВР.
За сите прекршоци биле изречени соодветни казни.
Истовремено во Штип во идентична сообраќајна контрола, биле откриени 54 возачи кои возеле побрзо, во Скопје 135, во Битола 161, Куманово 164.
Tweet |