Петар Печков
Објавено: недела, 05 април 2026
Педесетина велешани денес, недела неколку часа, на пладне минаа во чистење на околината на градот. Почнувајќи од ресторанот Аркадија, во населба Тунел па до Вршник.
Акцијата беше насловена „Остави трага, не ѓубре“, време е да ја покажеме љубовта кон природата. Тие се посветија на чистење од отпадот, кој некој друг го оставил. При тоа беа собрани 50-тина вреќи со смет и еден трактор со габаритен отпад, санитарни шолји, бојлер, мебел...
Организатор на настанот беше Здружението за обука и едукација на пилоти на дрон, „Droneinspect“ од Велес.
фото Горан Алексов
| Tweet |












