Петар Печков
Објавено: понеделник, 13 ноември 2017
Секоја година, вообичаено дел од содржините за одбележување на Денот на Општина 9-ти ноември, беше и доделувањето на актерската награда ,,Петре Прличко,,. Годинава таа не се додели, ниту пак велешкиот Народниот театар одигра претстава во чест на наградениот, туку во чест на наградените со општински признанија. Трансферот на локалната власт и изборите, ја прекинаа 11 годишната традиција.
Претходната власт не распишала конкурс за актерската награда ,,Петре Прличко,, згаснало и Здружението на актери ,,Џинот,, избришано е од Централен регистар а тој беше еден од трите субјекти кој ја попишаа спогодба за да врачуваат награда и повеќе не постои . Ако успееме да го надминеме ова до крајот на годинава, ако го смениме правилникот ќе има награда, ако не ќе ја продолжиме постапка за следната година – појасни градоначалникот на Велес, Аце Коцевски. Васил Зафирчев уметнички директор на велешки театар, институцијата која пред некоја година се откажа од паричниот дел од наградата, но затоа играше претстава во чест на наградениот, рече дека тие се подготвени да играат кога ќе се знае името на добитникот, во било кој дел од годината.
Досега наградата ,,Петре Прличко,, ја добија Благоја Спирковски Џумерко, Емил Рубен, Петар Мирчевски. Благоја Чоревски, Мето Јовановски, Борис Чоревски, Петар Темелковски, Драган Спасов Дац, Александар Ѓоргиев, Милица Стојанова и Кирил Гравчев. Таа беше парична во висина од 30 илјади денари и плакета со ликот на Прличко.
Tweet |