Петар Печков
Објавено: понеделник, 16 април 2018
Стотина вработени од фабриката за шински возила ,,Колска,, по неколкумесечна пауза повторно ја блокираа Железничката станица во Велес. Два часа утрово од 7 до 9 ч. беа таму за кој период беше сопрен патничкиот воз од Скопје за Битола, кој поради штрајкот доцнеше 90 минути.
Причината за најавената блокада работниците ја посочуваат во доцнењето на платите и тоа со месеци. Но и за новоста која неодамна им била соопштена дека ,,Колска,, ќе се продава,,
Немаме плата за сите месеци од оваа 2018-та година, како и за септември и октомври лани. Пред еден месец имавме средба со вицепремиерот Анѓушев на која беа и директорот на МЖ Транспорт и директорот на ,,Колска,,. Анѓушев кажа дека до продажба на фабриката МЖ Транспорт е должна да ги исплатува платите. За тоа е обезбедена работа 34 товарни вагони и еден патнички вагон треба да поправиме. Досега сработивме 15 товарни вагони и патничкиот е при крај. Од оваа средба досега имаме добиено само половина плата. На овој состанок слушнавме дека Колска ќе оди на продажба иако ние баравме да се припоиме кон МЖ, за што ни беше и ветено - рече Слободан Димитриевски претседател на синдикатот во Фабриката за шински возила ,,Колска,,.
Со години, од 1996-тата започна агонијата на ,,Колска,, откако таа беше идзвоена од МЖ. Во неа работат околу 120 вработени. Имаше неколку обиди за продажба на фабриката, која е единствена од таков вид во земајва специјализирана за поправка на железнички вагони, но беа безуспешни, никој не се јавуваше на огласот.
Tweet |