речник контакт

Нема повеќе меѓународни возови, укинат еден и за Кочани

Од денес понеделник МЖ транспорт го редуцира патнички сообраќај

Петар Печков

Со измените кои стапија на сила, од 5-ти септември, укинати се меѓународните возови од  и кон Белград  и Солун.   Истовремено патниците  кои патуваа  за Гевгелија и  Скопје, не  ќе  можат  да ги користат овие линии. Ова било  усогласено помеѓу  „МЖ Транспорт“, „Србија воз“ и „TRAINOSE“  - Грчките железници.

 Укинат е и патничкиот воз кој рано наутро возеше за Кочани и навечер се враќаше назад. Поместено  е тргнувањето на патничкиот за Кочани кој сообраќа попладне, наместо о во 15,22 сега тргнува од Скопје во 16,40 а од Велес за Кочани во 17,34 во Кочани стигнува  во 19,26.

 Од и кон Битола нема промени во возниот ред.   Сега од и кон Скопје од Велес и за Велес има 12 воза.  

 Следната промена од ЈП МЖ Транспорт ја најавуваат  за 11-ти декември, кога ќе стапи на сила новиот возен ред за 2017-та. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »