Петар Печков
Објавено: петок, 20 декември 2019
На 47-та седница на Советот на Општина Велес,имаше на дневен ред само една точка, предлог за разрешување на претседателот на Советот на Општина Велес Ненад Коциќ. Точката беше поднесена од страна на опозицијата, која ја немаше на седницата, беше отсутна.
Седницата на Советот траеше неколку минути, и во отсуство на предлагачот, советниците од власта едногласно, сите 13 ја отфрлија предлог точката за разрешување на Коциќ од функцијата претседател на Советот на Општина Велес. Тој откако констатираше дека ги нема советниците од предлагачот - опозицијата, да образложат зошто сакаат негова смена, точката ја стави на гласање.
Наспроти барањето на советниците од опозицијата, за точно и навремено почнување на седниците, нив ги немаше. Ги немаше, членовите на предлагачот ниту на Комисијата за мандатни прашање во 11 часот. Наспроти предлогот на Комисијата по точката да се тргне од дневен ред, оти ги немало членовите на предлагачот, јас ја ставив на разгледување. По чекање од 12 минути, седницата започна, немаше кој да ја образложи па ја ставив на гласање. Не доби ниту еден глас ,,за,, доби 13 ,,против,,. Опозицијата како предлагач покажа дека од нивната точност нема ни ,,Т,, ниту беа присутни на комисијата, ниту на седницата - изјави претседавачот Ненад Коциќ, на прес конференција по завршувањето на седницата,.
Со одговор и објаснување се јавија исто така на прес конференција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Тие тврдат дека не побегнале.
Додека советниците од коалицијата ,, За подобра Македонија,, чекаа да започне седницата, влеговте, ќутенката, криенката и заедно со членовите на владејачкото мнозинство успевате за две минути да ја елиминирате точката од дневен ред и да избегате од соочувањето со вашата неспособност во организирањето и водењето на Советот. При тоа направивте низа прекршувања на Деловникот за работа. Пред 12 часот, кога беше закажана седницата, сите советници од опозицијата беа присутни во зградата, кога видовте дека влегуваме во салата, не ни овозможивте да се изјасниме по предлог заклучокот кој го поднесовте што е надвор од Деловникот. За ова ќе бараме правно разрешување на случајот - рече Александар Колев, кој говореше на пресот.
Tweet |