речник контакт

Нивото на реката Вардар високо, но далеку од излевање (фото)

Засега нема регистрирано излевања на реките Вардар, Тополка и Бабуна во поширокиот велешки регион

Петар Печков

Врнежите од дожд кои деновиве се интензивни, придонесе нивото на реките во земјава да биде високо.  Реката Вардар низ Велес според УХМР  има 150 цм. измерени утрово во 7,30 ч. што е двојно повеќе од просекот за месец јануари кој е 82 см. Вчера во неделата биле измерени 110 см проток  во централното градско подрачје.  Во исто време нивото на реката Бабуна е исто така високо. Според УХМР во Богомила тоа е 100 цм. двојно повеќе од вчера, недела,  а просекот за овој месец е 14 см.  И покрај високото ниво нема регистрирано излевања во поширокиот велешки регион.

Реките Вардар, Бабуна и Тополка се со висок водостој, но се далеку од излевање. Досега нема пријавено од трана на граѓани штети поради нивото на реките - изјавија од Центарот за управување со кризи во Велес.

Од УХМР попладнево  во 15ч. со соопштение до јавноста укажуваат дека денешните врнежи придонесоа дополнително да се зголеми нивото на реките. Особено тоа се евидентира на река Вардар во горен тек,  и нејзините притоки река Треска, река Црна,  река Пчиња и река Радика- притока на река Црни Дрим.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »