Петар Печков
Објавено: петок, 03 септември 2021
Дваесет и еден нов случаj на лица позитивни на ковид-19 во велешко додека десет се оздравени. Ова се податоците за изминатите 24 часа кои ги објави Министерството за здравство. Активни се 230 случаи. Ковид одделенијата во велешка болница се полнат, пред отворање е модуларната Болница.
„Вкупно се хоспитализирани 52 пациенти, од кои 42 се потврдени позитивни и 10 сомнителни. На кислородна поддршка се 32 пациенти. Испишани се четворица пациенти како оздравени со по еден негативен тест“ - соопшти д-р Елеонора Јованов, портпарол на велешка Болница.
На Инфективно одделение се згрижени 47 пациенти а на Интерно пет.
Tweet |