Петар Печков
Објавено: понеделник, 17 октомври 2016
Екипата на Велес ,,гази,, во Првата футсал лига. Во петтото коло во Македонска каменица го порази домаќинот Рудник Саса со 13:6. Стрелици на головите за велешани беа Зоран Левески, Драган Петровиќ,Мартин Тодоровски,Иван Крстевски. Со гол разлика 69: 11 КМФ Велес е прв со 15 бодови колку што има и екипата на Шкупи. Во следното коло повторно гостување во Скопје, овој пат на Јувентус Серава кој е трет со 10 бодови. Ова е дерби натпревар за проверка на квалитетот на екипата.
Ракометарите на ГРК Борец на гостувањето во Скопје, против Вардар Јуниор одиграа нерешено 31:31. Беше тоа натпревар на двете екипи кои се соседи на долниот дел од табелата. Како и пред некој ден против втората екипа на Металург и овој со втората екипа на Вардар заврши со ист резултат 31:31, полувреме 17:13. Во првите 30 минути и средината на второто полувреме домаќините биел во водство, за да по 24:22, велешани направат серија од 5:1 и поведат 28:25. Ниту водството од два гола во последните минути 31:29, не беше доволно за славје. Вардар Јуниор израмнува и натпреварот завршува без победник. Ивица Илиев и натаму ,,растура,, овој пат постигна 9 гола а Ордев пет. Кај домашните Вујачиќ има исто така девет гола, додека Поповски и Георгиевски по шест. По ова шесто коло ГРК Борец останува осми со пет бодови. Во следното коло, доаѓа лидерот Пелистер.
Викендов се одигра и кошаркарски ревијален турнир, во чест на легендите Ацков и Виларов. Учествуваа ветераните на Велес, Кочани, Кавадарци и Битола. Победија, домаќините.
Tweet |