речник контакт

Нова победа за КМФ Велес

Ракометарите загубија во Битола

Петар Печков

Победа и пораз за велешките екипи во прволигашката конкреција.     Футсал екипата на Велес во Стојаково со 11:4 ја победи екипата на Цико. Иако беше натпревар на две екипи соседи на табелата 2-иот и 3-тито, велешани беа поквалитетни и  славеа со убедлив резултат како гости. По 22 кола Велес останува на второто место а во последното коло, во Скопје ќе се решава дилемата за првакот.  Дотогаш остануваат два првенствени натпревари кои ќе бидат подготвителни, за големото дерби со Шкупи. Првиот е следниот викенд , кога во Велес гостува екипата на  СЕУУ Тетово, која е петти со 26 бода.

Ракометарите на ГРК Борев загубија во Битола од екипата на Пелистер со 29:34 (13:16).Иако се до 50-та минута домаќините воделе, велешани за прв пат поведуваат 26:25 а пота и 27:26, за домаќинот во две минути да направи пресврт повторно поведе и до крај предноста ја зголеми на   плус 5 гола. Најефикасен кај Борец бил Илиев со 10 гола, шест од пенал, Димитриевски постигнал седум а по подолга пауза на терен се врати Ордев со  пет гола.      Кај домаќинот незапирлив бил Вујачиќ со 12 гола.  По ова 6-то коло, Борец е последен со пет порази и без ниту еден бод во разигрувањето за титулата. Во следното коло, за две седмици Борец го пречекува Охрид, а претходно на 11-ти мај ќе игра заостанат натпревар со скопски Вардар. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »