Петар Печков
Објавено: понеделник, 11 јули 2016
Неделата вечер на регионалниот пат Велес – Градско, во месноста викана бавчите на Јулика се случи сообраќајна незгода, во која има седуммина повредени. Според МВР сообраќајката се случила во 20,15 ч. и во неа учествувале две возила и пешак.
Директно се удриле автомобил ,,фиат пунто, со кавадаречки регистарски таблички управуван од В.Ј. ( 36 год) од Кавадарци и голф со велешки регистарски таблички, управуван од И.З. (39 год) од Велес. На повредените укажана им е здравствена помош од екипа на Итната помош од Велес, кој потоа ги префрлиле во Општа Болнциа Велес.
Според сведоците до несреќата дошло, откако едниот автомобил се обидел да го избегне момчето кое со ролерки возело на патот, заедно со девојка. Кога возачот и автомобилот преминал на левата страна од коловозот, удрил во возило кое доаѓало од спротивен правец.
Од ударот повредени се патниците вод вата автомобили и возачот на ролерките У.М. ( 19 г од), кој МВР го води како пешак. Дежурниот доктор во велешката болница д-р Ниметула Лимани информираше дека кај нив се примени седум лица петмината минале без повреди, освен што биле и сплашени и кај две имале полесни повреди. Сите се пуштени на домашно лекување.
Сообраќајот на регионалниот пат Велес - Градско бил во прекин од 201,5 до 21.30ч.
Tweet |