Петар Печков
Објавено: понеделник, 09 февруари 2015
Најавените нови цени на бензините, создадоа редици на бензинските пумпи. Ова покачување е прво по неколку месеци. Има и автомобили но и купувачи кои полнат канти. Се заедно доволно за гужва. Малопродажните цени на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува од три до три и пол денари, а на дизелот за 2,5 денари по литар.
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-95 се зголемува за три денари и ќе изнесува 62 денари за литар, Еуросупер БС-98 поскапува за 3,5 денари и ќе се продава по 64 денари. Малопродажната цена на Еуродизелот ќе изнесува 51 денари за литар.
Цената на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува, исто така, за 2,5 денари и ќе се продава по 39,50 денари.
Зголемување има и на малопродажната цена на мазутот М-1 кој ќе се продава по 23,456 денари за килограм.
Tweet |