Петар Печков
Објавено: среда, 23 мај 2018
Реконструираната железничка станица и во Велес и во Чашка ги имаат најмодерните и најсовремени средства за работа. Имаат ладење и греење, чекални, посебен влез во зградата и на пероните за лица со посебни потреби, електронски информатори за пристугнувањето на возовите, за возниот ред. На се се мислело, но не е така идеално. Чекалните се празни, немаат столици за седење за патниците.
Така е на сите реконструирани железнички станици, оти со проектот на ЕУ не беше предвидено поставување на столици. Правиме напори да ги набавиме, обезбедиме со сопствени средства. Не е убаво што патниците ќе стојат, иако има разглас, греење, ладење - рече Петар Спасовски помошник директор за правни работи при МЖ Инфраструктура.
За ова забелешка имаше и вицепремиерот во Владата, за економски прашања Кочо Анѓушев, кој побара од раководството на МЖ да го реши што поскоро.
Tweet |