Петар Печков
Објавено: среда, 20 септември 2017
Секоја година на Денот на општината 9-ти Ноември, се доделуваат наградите за најдобрите во општината за 2017 година. Започната е процедурата да се доставува кандидати за наградата за животно дело ,,Гемиџии,, за Деветто ноемвриски признанија, наградата ,,Ѓорги Шоптрајанов,, за најдобар студент.
Признанијата 9-ти Ноември се доделуваат на поединци, органи, организации, граѓански организации и заедници чие дело и постигнати резултати се од значење за Општина Велес и нејзината афирмација во земјата и светот.
Кандидатите за Деветто ноемвриски признанија, делото за кое се предложени да го афирмирале во јавноста. Предложениот кандидат да е жител на Општина Велес или тематски неговото дело да е поврзано за Општината Велес. Наградата за животно дело „Гемиџии“ се доделува на поединци за постигнати резултати во развојот и афирмацијата на Велес во државата и надвор од неа.
Награда на Општина Велес за најстудент „Проф. д-р Ѓорги Шоптрајанов“ се доделува на студент од Општина Велес со завршена најмалку втора година од студиите на некој од универзитетите во Република Македонија и акредитираните универзитети во земјата и странство. Кандидатот за награда на Општина Велес за најстудент „Проф. д-р Ѓорги Шоптрајанов“ треба да е жител на Општина Велес, да има просечен успех во текот на целото студирање од најмалку 9,5.
Предлозите се доставуваат до Совет на Општина Велес, Комисија за општествени дејности најдоцна до 5-ти октомври 2017 година.
Tweet |