Петар Печков
Објавено: среда, 05 февруари 2014
При вчерашните контроли на УЈП во Велес, кај 3 угостителски објекти констатирани се неправилности во делот на фискализација, односно не е регистриран прометот во готово. Додека во 2 случаи утврдено е прекршување на забраната за пушење, информираа од дирекцијата на УЈП.
Велешката полиција пак од 19.00 до 23.30ч. со инспектори од УЈП реализирала акциска контрола во делот на почитување на одредбите предвидени во „закон за заштита од пушење“. Посетени биле повеќе угостителски објекти. При контролата констатирани се 5 прекршока од физички лица по „закон за заштита од пушење“ .
Изготвени се 5 записника за констатиран прекршок, и против истите ќе бидат поднесени барања за поведување прекршочна постапка до надлежниот суд. Од полицијата информираа дека иако Законот со кој пушењето го санкционираат и тој важи од почетокот на годинава, во јануари немале пишано ниту една пријава, оти ги едуцирале пушачите со санкциите кои следат ако бидат фатени на дело со запалена цигара во затворен простор.
Tweet |