речник контакт

Обвинетиот Станоев бил пресметлив кога го сторил тројното убиство

Вештаците тврдат ниту пиштолот можел сам да испука, како што се брани обвинетиот за тројното убиство од Кавадарци, Тони Станоев

Петар Печков

Отфрлено е барањето на одбраната на обвинетиот Тони Станоев, дека судечкиот совет од Основниот суд во Велес,   по овој предмет постапувал субјективно и пристрасно, па судењето продолжи со сослушувањето на тројцата вешти лица. Тие вршеле балистичко вештачење на испуканите куршуми,    обдукција на телата од убиените и психијатриско вештачење на обвинетиот.  

Обвинетиот во моментот кога ги застрелал трите лица, бил во пресметлива состојба, не е лице со ментална ретардација и лице со хронично или психичко растројство. Лекарствата кој ги пиел во тој период се поради аноксиозно депресивно растројство, тоа не е болест туку невропатска состојба и немаат влијание врз неговата пресметливост - рече невропсихијатарот  Стојан Каров.

Тој   раскажа што Станоев  зборувал, како дошло до недоразбирањата помеѓу него и сопругата  Данче. Причината биле децата и Станоев не се согласувал  со воспитувањето од страна на  фамилијата на Данче бидејќи биле ,,,криминогено,,. Критичниот ден објаснил дека оружјето го земал со него оти се плашел од таткото на Данче.

По извршеното тројно  убиство, Тони објаснил дека заминал дома, ја бакнал постарата ќерка се збогувал со ена и два дена се криел на гробиштата во  Кавадарци, пред да биде уапсен од полицијата. Ова за  вештакот Карбев  е доказ дека обвинетиот бил пресметлив кога го сторил делото и немало нарушување на психичките функции.

Пред судскиот совет сведочеше и балистичарот Златко Секулиќ, кој рече дека  сите три лица се застрелани од непосредна близина. Одговори и на одбраната на Станоев дека пиштолот сам испукал.

Полуавтоматскиот пиштол ЦЗ 79 од 9 мм, со кој се извршени убиствата,  не бил во состојба сам да испали - рече Балистичарот Секулиќ.  За начинот како се извршени убиствата зборуваше патологот д-р Горан Павловски. 

Сите три убиства се случени лице в лице, сто тоа што Снежана во моментот кога е пукано врз неа, била во полу седечка положба. Билјана и Илија се убиени со еден истрел додека кај Снежана има две прострелни рани -  изјави д-р Павловски.

 Сопругата на обвинетиот Илија, Данче Станоева, ја повтори нејзината тажна животна приказна, каков  брака имала со сега поранешниот сопруг.  

Заедно со децата имавме неподнослив живот, со закани кон мене, моите најблиски дека ќе не убие. Од ден на ден стануваше се поагресивен кон мене и децата.  Постарата ќерка започна д аја испраќа да бара позајмува пари од негови пријатели.  По семејното насилство од 15 август лани, се разделиве, децата со одлука на Центарот од Кавадарци одеа кај него преку викенд, но често се случуваше да останат до среда. Некој пат и по две-три недели не ги даваше.  Пред четири години со пиштол му се закануваше на татко ми, така што подолго време живеевме сите во страв од неговите постапки - рече сопругата Данче.

Тони Станове е обвинет за тројно убиство кое се случи на 9-ти ноември минатата година во  Кавадарци. Спроед обвинителството тоа го сторил со умисла а од живот ги лишил таткото, мајката и сестрата на неговата сопруга Данче, Илија (61 год), Билјана (56 год) и Снежана  (33 год)  Леови.  Судењето продолжува на 19 октомври. 

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »