речник контакт

Обвинителството објави, се обидел да го убие братучедот за долг од 3,5 илјади денари

На О.Р (41 год) му е изречена мерка притвор оти можел да влијае на сведоците или да го доврши делото. Осомничениот делото го сторил со дрвена рачка од секира

Петар Печков

Настанот кој полициата го објави од 31-ви јули,  дека во вечерните часови, тепачка помеѓу двајца братучеди, обвинителеството од Велес го квалификува како убиство во обид. За осмоничениот О.Р. (41 год) кој со рачка од секира го удрил неколку пати во глава Д.Р. (47 год) е побарана и определена мерка притвор.

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Велес, на возраст од 41 година, за кривично дело – „Убиство во обид“.

„Осомничениот, на 31 јули, со умисла се обидел да го лиши од живот оштетениот – негов роднина. Тој отишол во дворот од куќата на оштетениот и помеѓу нив настанала вербална расправија околу нерасчистени должничко-доверителски односи, поради невратен долг од 3.500 денари. Притоа осомничениот го повикал оштетениот да дојде до неговиот автомобил паркиран на блиската улица. Од автомобилот извадил дрвена рачка за секира и со неа неколку пати го удрил оштетениот во пределот на главата. Од задобиените удари оштетениот паднал на земја. Му била нанесена тешка телесна повреда изразена во нагмечување на главата, крварење и крвен подлив под тврдата мозочна ципа и мозочна кома“ – соопштија од ОЈО Велес. 

Веднаш по инцидентот осомничениот О.Р. заминал од местото на настанот.

Поради постоење на околности кои укажувале на опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз сведоците и со тоа да ја попречува истражната постапка и опасност дека ќе го повтори или доврши кривичното дело, јавниот обвинител до Основниот суд Велес доставил предлог против осомничениот да се определи мерката притвор.

Судијата на претходна постапка на Основен суд Велес го прифатил овој предлог и определил  мерка притвор во траење од 30 дена.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »