речник контакт

Обвинителството побара доживотен затвор за Тони Станоев

Обвинет за тројното убиство во Кавадарци пресудата ќе ја дознае в среда напладне

Петар Печков

Со давањето завршни зборови заврши судскиот процес против Тони Станов, кој е обвинет за тројно убиство. Обвинителството побара доживотен затвор за обвинетиот, неговиот бранител поблага казна оти тој го признал делото. Пресудата ќе биде изречена на 18-ти ноември в среда во 12ч. Денешното рочиште започна со сведочење на психијатарот д-р Антони Новотни, од Клиниката за психијатрија. Тој потврди дека Станоев во моментот на сторувањето на делото бил пресметлив.

Обвинетиот не боледува, ниту во моментот кога го сторил делото,  имал некоја душевна болест, или моментално душевно растројство. Анксиозната депресивна состојба во која бил не е болест, ниту влијае на неговата пресметливост. Ниту тоа што бил учесник во воените дејствија, кај  него создале пост трауматски стрес. Во моментите кога го сторил делото бил пресметлив иако можеби имал покачена афектна состојба  - изјави д-р Новотни.

 Потоа се прејде на изведување на доказите, по  што беа дадени и завршните зборови. Обвинителката  Славица Темелковски, која го застапуваше обвинението побара најстрога казна за Станоев,доживотен затвор, повикувајќи се на  член 123 став 3 од Казнениот закон. 

Обвинетиот на секој начин сака да  ја намали неговата одговорност за стореното повеќекратно убиство, кое долги години се нема случено на територијата која ја покрива ова обвинителство и велешкиот суд.  Пиштолот кој Станоев, според неговите зборови го носел секојдневно поради неговите работни обврски, воопшто не е точно. Од дописот на ЕЛЕМ може да се дознае дека тој  не бил задолжен со оружје, не бил обезбедување а според евиденцијата на СВР пиштолот бил негов личен, за  кого имал дозвола. Делата ги сторил со умисла и одзел три невини животи - кажа Темелковски.  

Бранителот  на обвинетиот, адвокат Драган Ѓорѓиев, побара да се земат во предвид олеснителните околности, при изрекувањето на казната.

Мојот клиент  го призна делото, обвинителниот акт, според тоа како е пишан. Зошто судскиот совет го отфрли тоа признание.   Јас се прашувам, кој нормален човек би сторил такво дело? Тврдам  дека не постои - кажа во завршниот збор Ѓоргиев.    

Тони Станоев е обвинет дека на 9-ти ноември минатата година, околу 16 часот во нивниот дом, ги убил Илија, Билјана и Снежана Леови, татко, мајка и сестра на неговата сопруга Данче.  Сите ги застрелал со по еден куршум, кој го испукал од близина од пиштол ЦЗ 79 од 9 мм. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »