Петар Печков
Објавено: вторник, 05 мај 2015
На 15-ти гостува театар Комедија со ,,За секого по една“, според текст на Венко Андоновски а во режија на Владлен Александров. Улогите ги толкуваат: Зорица Стојановска, Роберт Вељановски, Атанас Атанасовски, Филип Трајковиќ, Ердоан Максут, Роберт Ристов, Нина Деан, Едмонд Сотир, Крсте Јовановски, Валентин Костадиновски, Жарко Димоски, Илија Илиоски,Катерина Шехтанска-Лаковска. „За секого има по една“е црна комедија за изгубен покојник на градските гробишта. Драма со ликови кои го познаваат покојникот и случајно затекнати лица што го комплицираат дејството.
Следниот ден е претставата „Ќелавата пејачка“ на „Театар 007“., во режија на Игор Ивковиќ работена според текстот на Ежен Јонеску. улоги: Ангела Наумоска, Филип Кипровски, Јана Пауноска, Дарко Богески, Илина Матеска, Фаик Мефаилоски За 18 мај е најавена премиерата на велешкиот театар ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,, за „Крал Иби“ .
На 22-ри мај е гостувањето на Македонскиот балет со ,,14 часа“ . Ова е современо балетско дело, кое низ синџир од 12 сцени, ги разработува женско-машките односи, преку ликовите на Лили и Марк. Автор на музиката е Кирил Џајковски, кореографијата и сценографското идејно решение се на Игор Киров, костимите на Александар Ношпал, а режијата и либретото на Наташа Поплавска. Играат: Алексадра Мијалкова, Наташа Јосифовска, Саша Евтимова, Билјана Басмаџиева, Ангела Велевска, Васил Чичијашвили (Грузија), Бобан Ковачевски, Игор Велановски, Јан Кисилев, Агим Бафтии и Трајче Стојковски.
За крајот на мај на 30-ти ,се најавени ,,Маша и медо“ театарска претстава за деца - Продукција „Сцена“ и ИК „Култура“ а тој викенд 29-ти и 30-ти во салата ан театарот, ќе се одржи и Државниот фестивал на аматерски филм.
Tweet |