Петар Печков
Објавено: понеделник, 20 јуни 2022
Петокот навечер на наплатна рампа Сопот уапсен е млад кавадарчанец, кој кого е пронајден кокаин
„На 17 јуни на наплатната станица Сопот на автопатот „Пријателство“, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во содејство со СВР Велес – Одделение за недозволена трговија со дрога го лишиле од слобода Д.Г.(19 год) од Кавадарци. По претходно добиена судска наредба, било запрено возилото „фолксваген поло“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал и при личен претрес кај него биле пронајдени и одземени околу 100 грама кокаин и пари. Исто така, при претрес во неговиот дом во Кавадарци, извршен со судска наредба, биле пронајдени пари во различни апоени и валути за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело“ - соопштија од МВР.
Од ОЈО Велес кажаа декa за осомничениот Д.Г. побарале а судија на претходна постапка од Oсновен суд Велес му изрекол мерка притвор.
Саботата вечер на наплата рампа Смоквица уапсени се двајца велешани кој превезувале мигранти.
„На 18 јуни во 21 часот на автопатот Гевгелија –Скопје, на наплатна станица Смоквица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“ ги лишиле од слобода Д.С.(20) и М.И.(36), двајцата од Велес. При преглед во товарно возило „цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Д.С., а сопатник бил М.И., биле пронајдени 26 лица илегални мигранти од Сирија. Тие биле приведени во полициска станица, а мигрантите биле спроведени во Транзитен центар „Винојуг “ во Гевгелија“ - соопштија од МВР.
Против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Саботата попладне полицијата лишила од слобода млад велешанец, кој се обидел да ја нападне мајка си.
„Вчера во 17:45 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Н.П.(22) од Велес затоа што се однесувал агресивно во семејниот дом и се обидел со остар предмет да ја нападне неговата 45-годишна мајка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информираат од МВР.
Tweet |