Петар Печков
Објавено: вторник, 07 април 2015
Сопрен е сообраќајот на делницата од автопатот Катланово - Велес. Причина како што информираат од АМСМ е, поради поголем одрон, кај Ветерско.
Зафатени се двете коловозни ленти и сообраќајот е во целосен прекин за сите видови на моторни возила. Во моментов се работи на расчистување на одронот.
Како алтернатива се препорачува да се користи патниот правец Куманово - Свети Николе. Сообраќајот е во прекин од 12 часот и во 17 часот сеуште автопатот беше непрооден.
Tweet |