речник контакт

Од викенд билтенот на МВР

Сообраќајка кај Врановски анови со еден починат,во друг инцидент тешко повреден жител од Градско, ќе се истражува што се случило

Петар Печков

МВР информираше за два настани кои се случија викендов а во кои има едно починато лице и едно тешко повредено.

„На 30 јули  околу 08.15 часот на регионалниот пат село Извор, велешко, кај место викано „Врановски aнови“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу две товарни возила „ТАМ“, двете со велешки регистарски ознаки.  Едното  е управувано од И.Ј.(37), а другото е  управувано од Ј.Ј.(22), и двајцата од село Бузалково, велешко“ - соопштија од МВР.

„Екипа на Итната помош била повикана за пружање на лекарска помош. Лицето имало повреди на главата, дадена е неопходната здравствена нега и префрлен на хирургија при општа Болница Велес“ - кажа д-р Милка Пановска од Итната помош.

 „Примено е повредено лице. Имало повреди на глава. Реанимирано и испратено на клиника во Скопје“ - соопшти д-р елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

Лицето И.Ј. oд Бузалково подоцна во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ им подлегнал на повредите. По насоки на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Увид извршила екипа од СВР Велес по што ќе се знаат причините за сообраќајката.

 Петокот пред полноќ се случил инцидент, за кој допрва ќе се истражува. Жител на Градско тешко се повредил и крварел, по што е префрлен на клиниките во Скопје.

„ Возило на Итната помош се враќаше од посета на терен, кога во близина на мостот кај Бабуна беше пресретнато од патничко возило, кое иташе кон Велес. Тоа со звучни и светлосни сигнали бараше помош. Сопревме, во колата во која имаше пет патника, едно лице имаше повреди и крварење од раката. Ја дадовме потребната помош, истото беше во безсознание.  Префрлено е на хирургија во велешка Болница“ - кажа др- Милка Пановска, лекар од служба за Итна помош.

„На 29. јули  во 23.18 часот во СВР Велес, од Итна медицинска помош Велес е пријавено дека од Градско го преземале повреден А.Ф.(40) од Градско. Полициски службеници извршиле разговор со С.Ф. (32) од Градско, кој бил заедно со повредениот, и тој појаснил дека околу 22.30 часот, А.Ф. во својот дом удрил со рака во стаклена врата и се повредил. За случајот е запознаен Јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување“ - соопштија од МВР.

„Околу полноќ е донесено повредено лице од  Градско, кое обилно крварело. Дадена му е крв, реанимирано и  е пренесен во Ургентен центар во Скопје“ - соопшти д-р- Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »