Петар Печков
Објавено: вторник, 24 април 2012
Од 24 април со излегувањето на новиот Службен Гласник на Oпштина Велес, стапија на сила новите повисоки цени на такси возењето. Тие беа донесени на седница на Советот одржана на 12 април.
Со нив цената на стартот со еден километар е 40 денари а секој нареден е плус 25 денари. Од локалната власт посочуваат во поплаваta од таксисти, легалните кои во Велес ги има 110 се со такси налепница и задолжителна жолта боја на автомобилот. И должни се да дадат фискална сметка, на која заборавија одамна. Патем некои, помал број таксисти, новите цени ги применуваа неколку дена претходно, незаконски.
Tweet |