Петар Печков
Објавено: понеделник, 28 јули 2014
Не верувам дека постои човек што не ја слушнал или не знае за изреката ,,Од кал да си од Велес да си,,. Иако и други градови си го допишуваат ова дека тие се вистинските ,,создадени од кал,, еве ја приказната за Велес. И тоа од Јордан Васков - Бацко, дел поширокото семејство на докторот Панче Васков
Оваа ја имам слушано од моите и зборува колку голем хуманист, доктор и човек бил Панче Васков. Тој ги прегледувал работниците, велешани и не земал пари. Доаѓале и дома, само за да им помогне. Во една пригода дошол болен работник од фабриката Вила Зора. Било врнежливо а тој каллив, со земја која ја обработувале и тропнал на вратата. Излегол Панче го прашал што е, а човекот срамежливо побарал чаре. Докторот му рекол влегуј нема на врата да се лекуваме. Пациентот покажал дека е каллив и ќе направи бербат. Панче на тоа одговорил ,, влегуј, од кал да си од Велес да си,,.- ја раскажа приказната Јордан за време на неговиот живот со аманет да ја напишам и објавам. За да се знае од каде потекнува, од народниот доктор Панче Васков.
Tweet |