Петар Печков
Објавено: петок, 19 јули 2013
Неделава непознат сторител влегол во стан на велешанец и украл пари и оружје, соопшти СВР Велес. Ограбен е станот на 61-годишниот Д.К. од Велес кој остана без 4000 евра и без својот пиштол марка застава М -88 за кој имал дозвола.
Крадецот според полицијата, влегол преку балконот, извршил пребарување, ги украл оружјето и парите, па избегал во непознат правец.
Tweet |