Петар Печков
Објавено: четврток, 02 април 2015
Околу 150 деца со аутизам, од Велес и неколку градови од Источна Македонија во Младинскиот парк го одбележаа 2-ри април, Светскиот ден на лицата со аутизам. Тие беа тука со нивните родители, заедно со децата од Посебното основно училиште Маца Овчарова. Преку песна и игра ја испратија пораката ,,пробај да ме видиш со други очи и слушнеш со други уши,,.
Потребни ни се не само еден ден, туку сите 365 во годината, и не само ние родителите на овие деца, туку сите граѓани. Оти никогаш не може никој да знае на кого и каде ќе му се случи. Тука сме собрани без партиска боја, без верска припадност, само со желба да им помогнеме на децата со аутизам. Сакаме овие деца да бидат прифатени такви каки што се - рече Зоран Андреев, родител на дете со аутизам од Штип.
Меѓу присутните имаше деца и од Кочани, Струмица, Радовиш, Велес...Настанот го организираа Весна Андреева мајка на дете со аутизам од Велес со поддршка на ПОУ Маца Овчарова иСара Мекфитерс припадник на Мировниот Корпус од САД. На овој н начин тие сакаат да ја подигната јавната свест за лицата со аутизам.
Бројните присутни ги забавуваше поп пејачот Мики Секуловски а свој настап имаа и Анабела, Црни мачиња, КУД Коле Неделковски. Ваков настан за прв пат се одржува во Велес а вечерва, зградата на новиот театар ќе биде осветлена во сино.
Tweet |