Петар Печков
Објавено: понеделник, 14 јануари 2013
Во организација на ОО на СБМ – Велес се обележа 70 годишнината од свирепото убиство на македонските синови Благој Страчковски и Славе Петков борци на одредот Димитар Влахов . Тие ги дадоа своите млади животи за слободата на македонскиот народ во НОБ.
Во јануари 1943 година Благој Страчковски,заедно со Славе Петков биле фатени од страна на окупаторската бугарска војска во близина на селото Водоврати. Во велешките касарни, бугарските фашисти на најѕверски начин ги убиле Благој Страчковски и Славе Петков, двајцата борци на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“.
На 13 јануари бугарските војници Благој, на 23 годишна возраст жив го закопале, а потоа го откопале и го исекле на парчиња. Негова храброст и желба за слободна Македонија е наградена со тоа што Благој Страчковски е прогласен за народен херој на 11 октомври 1953 година.
Велес има четворица народни херои: Димче Мирчев, Ангел Мојсовски, Благој Страчковски и Страхил Гигов
Tweet |