Петар Печков
Објавено: вторник, 27 февруари 2024
На седница на совет на Општина Велес одредена е комисијата , за доделување на актерската награда „Петре Прличко“.
По предлог на Општина Велес се Фаик Мефаилоски и Благојчо Стојанов, додека од страна на театарот беше предложена Слободанка Чичевска. Советниците овие предлози едногласно ги прифатија.
Годинава рокот за поднесување на предлози за актерската награда Петре Прличко истекува на 29 февруари и предлози може да доставуваат тeатари, театарски работници и актери, само кандидирање не се прифаќа.
За разлика од претходните години, оваа далеку порано се избира добитникот на наградата. На седницата беше откриено дека причината е што театарскиот фестивал „5ре“ на кој последните две години се доделува ова награда, во месец мај, годинава има нов термин на одржување, во март тоа од 18 до 30.
Целта е да не се повтори намален интерес за претставите како изминатата година, кога по првата успешна и сите распродадени претстави, лани имаше помал број на гледачи кои го следеа фестивалот.
Tweet |