Петар Печков
Објавено: недела, 30 април 2017
Неделата по полноќ опожарен бил автомобил во новиот дел на градот, кај салонот на ,,Симпо,,. Соседите биле силно вознемирени од двете експлозии кои се слушнале. Од МВР за настанот информираа преку писмено соопштение
Во 01.45 часот во Велес на ул.„11-ти Октомври“опожарен бил автомобил „Пежо-106“ со велешки регистарски ознаки сопственост на С.П. (30) од Велес. Огнот пламнал во задниот дел, а пламенот се проширил и кон средината на возилото. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната Против Пожарна единица од Велес.
Полицијата извршила увид и ќе истражува кои се причините за огнот. фото архива
Tweet |