Петар Печков
Објавено: вторник, 15 април 2014
Утрово запален е киоскот Јосе Тобако, лоциран на улица Благој Ѓорев кај стоковната куќа Бос. Непознат сторител околу пат часот со бензин го полеал фрижидерот па го запалил. Од огнот зафанати биле клима уредот и кровот на киоскот. Случаен минувач веднаш се јавил во пожарната која дошла бргу и го локализирала огнот.
Среќна околност е што не била зафатена стоката за продавање која ја имало во киоскот.Среќа имале и соседните времени објкекти, кои се лепенки до киоскот оти огнот не ги зафатил. Сопственикот на киоскот не сакаше да зборува јавно за настанот само кажа дека немал закани, ниту нерасчистени сметки со било кој во градот.
Тој посочи дека пред неколку дена имало обид за предизвикување пожар, откако исто така непознат сторител рано наутро го попрскал фрижидерот со бензин но не успеал да го запали. Од СВР Велес го потврдија инцидентот и работат на негово расчистување.
Tweet |