речник контакт

Опожарено возило кај Автобуска, полицијата констатирала дека претходно е украдено

Настанот се случил неделата наутро

Петар Печков

Полицијата го истражувала случајот со опожарено возило на паркингот кај Автобуска и констатирала дека возилото претходно било украдено. Деталите од информацијата на  Територијалната против пожарна единица и од СВР Велес.

„На  18 мај примена е дојава за запалено патничко моторно возило на паркингот кај автобуската станица. Велес Територијалната Против Пожарна Единица излезе на лице место со едно противпожарно возило и двајца пожарникари спасители. По пристигнување на лице место пристапено е со гасење на пожарот“ – соопштија од ТППЕ Велес.

„На 18 мај  во 5.30 ч.во СВР Велес е пријавено дека на паркинг простор на улица „Петре Прличко“ во Велес настанал пожар во патничко возило „мицубиши“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на К.К.(74) од Велес. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од Територијална противпожарна единица Велес. Увид на местото изврши увидна екипа од СВР Велес. По преземени мерки е утврдено дека е пријавено дека возилото претходно е одземено од пред домот на сопственикот“  кажа Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

фото архива

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »